петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ИМ ПОДЛЕГНА НА ПОВРЕДИТЕ, ДРУГИТЕ ДВЕ СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ: Најнови детали за стравичната сообраќајката кај Маврово

УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ИМ ПОДЛЕГНА НА ПОВРЕДИТЕ, ДРУГИТЕ ДВЕ СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ: Најнови детали за стравичната сообраќајката кај Маврово

Едно од повредените лица во страшната сообраќајка кај Маврово им подлегна на повредите. Денеска почина 34- годишниот Г.Т., додека други две лица се борат за живот.

Во стравичната сообраќајка која се случи завчера, на 13 април околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, на лице место животот го загуби уште едно лице.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски тогаш информираше дека во несреќата учествувале автомобил „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управуван од 68-годишниот А.Ѓ. од Скопје и товарно возило влекач „ман“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот Љ.Д. од Панчево.

-Во несреќата возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројцата сопатници од истото возило М.Р.(26), Ј.Т.(30) и Г.Т.(34) биле пренесени во Скопје за укажување на лекарска помош, информираше Јосифоски.

Но, денеска за жал почина и сопатникот Г.Т.,а другите двајца сопатницисе борат за живот во Скопје.

Коронавирус