недела, 20. септември 2020. Вести денес: 72
home Хроника

Уште еден полицаец повреден во сообраќајка

Уште еден полицаец повреден во сообраќајка

На 04.08.2020 околу 16.00 часот на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгoда помеѓу патничко возило „тојота“, управувано од Д.Н.(45) од Скопје, патничко возило „бмв“, управувано од А.Н.(24) од Битола и патничко возило „ауди“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник.

Во незгодата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник,  констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Увид на местото на незгодата направила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус