понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 140
home Хроника

Уште еден починат од Kовид-19 во велешката болница

Уште еден починат од Kовид-19 во велешката болница

На Инфективното одделение при велешката Општа болница синоќа во 20 часот почина уште еден пациент ако последица од ковид-19.

-Тој е на 78-годишна возраст примен пред два дена во тешка општа состојба со мозочно крварење и позитивен на тест на Ковид-19, информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Моментално на одделението се хоспитализирани 41 пациент, 36 потврдени позитивни и шест сомнителни кои чекаат резултати од тест: Единаесет пациенти се на кислородна поддршка.

Од болницата информираат дека денеска од оваа одделение се испишани како оздравени четири пациенти со негативни контролни тестови.

Коронавирус