среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 107
home Хроника

Уште еден осомничен за пронајдени дрога и оружје во Сингелиќ

Уште еден осомничен за пронајдени дрога и оружје во Сингелиќ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32- годишен жител на с.Синѓелиќ, Скопје, поради постоење на основано сомнение дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Имено, заедно со неговиот брат за кого претходно на 22.12 беше отворена истражна постапка, во помошна просторија – гаража во семејната куќа, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држеле вкупно 6370 грама наркотична дрога – хероин, како и 915 грама наркотична дрога – кокаин. Дрогата била спакувана во различни пакувања и полиетиленски ќеси. При претресот, во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар, еден пиштол марка HS со една рамка со 16 куршуми, како и еден револвер марка Магнум 357 со рамка со шест куршуми.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.​

Коронавирус