понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 124
home Хроника

Уште два нови случаи: Кучиња скитници искасаа две лица

Уште два нови случаи: Кучиња скитници искасаа две лица

Проблемот со кучиња скитници во Македонија станува се поголем и поголем. Два одделни случаи на каснување од кучиња скитници се пријавени и вчера.

Во 09:35 час во Полициска станица Кичево С.С.(68) од село Другово, кичевско пријавил дека околу 8 часот во село Другово движејќи се по улица „Илинденска” бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Исто така, вчера во Полициска станица Радовиш В.Ј.(55) од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 13.30 часот на улица „Михајло Апостолски” во Радовиш движејки се по улицата ја нападнале две кучиња скитници и ја каснале во пределот на левата нога.

Коронавирус