понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 28
home Хроника

Уште 4 лица: Искасани граѓани од кучиња скитници секојдневна слика во Скопје

Уште 4 лица: Искасани граѓани од кучиња скитници секојдневна слика во Скопје

Искасани граѓани станаа секојдневна слика во главниот град во државава, а никој не реагира да го реши овој проблем. Скопје е преплавено со кучиња скитници, а граѓаните се преплашени.

Уште четворица скопјани вчера биле каснати од кучиња скитници, стои во полицискиот билтен.

На 02.02.2021 во 23.40 часот во Полициска станица Драчево, Д.В.(51) пријавил дека во Драчево бил каснат од куче скитник.

На 02.02.2021 во 10.30 часот во Полициска станица Бит Пазар, Х.С.(49) од Скопје, пријавила дека на улица “Благоја Паровиќ” била касната од куче скитник.

На 02.02.2021 во 11,45 часот во Полициска станица Гази Баба, Б.А.(41) од Скопје, пријавил дека на улица “Трифун Хаџи Јанев” бил каснат од куче скитник.

На 02.02.2021 во 13.15 часот во Полициска станица Аеродром, Ј.Т.(57) од Скопје, пријавила дека на булевар “АСНОМ” во Скопје, била касната од куче скитник.

ЕУРО 2020

Македонија