среда, 2. декември 2020. Вести денес: 136
Во живо

Блокада на Владата и МНР - „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Хроника

Управата за извршување на санкции: Починатиот затвореник примаше терапија и не бараше лекарска помош

Управата за извршување на санкции: Починатиот затвореник примаше терапија и не бараше лекарска помош

По повод денешната прес – конференција на претставници на политичката партија Алијанса за Албанците, Управата за извршување на санкциите смета дека е потребно повторно да ја информира јавноста во врска со немилиот настан кога при утринската проверка на бројната состојба на затворениците, едно осудено лице беше пронајдено без знаци на живот во својата ќелија, стои во соопштението на Управата за извршување на санкции.

„При редовна утринска проверка на бројноста на осудените лица, припадниците на затворската полиција го забележале осуденото лице Л.Б. во неговиот кревет во позиција како да спие, без знаци на живот. Веднаш била повикана итна медицинска помош која за жал не била во можност ништо да стори бидејќи лицето веќе било починато, а констатирано е дека немало траги на насилство.

Потенцираме дека по прегледувањето на снимките од безбедносните камери е констатирано дека во текот на ноќта никој не влегувал во неговата ќелија, т.е. не престојувале други осудени лица со него во истата соба.

Воедно, укажуваме дека од страна на лекар лицето било прегледано при приемот во затворот. За време на издршката на казната (која требало да трае една година), затвореникот продолжил да ја прима пропишаната терапија, а лицето ниту еднаш не побарало лекарска помош. Од страна на надлежните институции, сослушани се и останатите лица од соседните ќелии кои потврдиле дека во текот на ноќта затвореникот не побарал лекарска помош, ниту се пожалил на болки.

Во однос на обвинувањата изнесени од политичката партија Алијанса за Албанците, кои се однесуваат на условите во КПУ „Куманово“, укажуваме дека е меѓу поновите затвори во државата, пуштен во употреба во 2013 година, изграден по сите европски стандарди.

По добивањето на обдукцискиот извештај ќе имаме повеќе информации околу причината за смртта, а во меѓувреме апелираме до политичката партија Алијанса за Албанците да не го политизира случајот“, стои во соопштението.

Коронавирус