понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 154
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кичево

home Хроника

Украл автомобил во Кисела Вода, полицијата го уапси

Украл автомобил во Кисела Вода, полицијата го уапси

На 12.10.2021 во 14.45 часот на ул.„Крушевска Република“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле до слобода Ф.Т.(22) од Скопје поради сомнение дека на 09.10.2021 на ул.„Народни херои“ одзел патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(30) од Скопје, информира МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото. Возилото било пронајдено и по консултација со Јавен обвинител било вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против Ф.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Локални избори 2021