сабота, 17. август 2019. Вести денес: 51
home Хроника

Украл автомобил, удрил во столб, па избегал: Пронајден е со повреди и пренесен во болница во Ресен

Украл автомобил, удрил во столб, па избегал: Пронајден е со повреди и пренесен во болница во Ресен

Вчера во 04,00 часот било пријавено дека во Ресен на улицата „Борис Кидрич“ во правец на с.Царев Двор патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.К. (26) од Ресен, а кое тој противправно го одзел од сопственикот, удрило во столб.

По незгодата возачот го напуштил местотото на настанот, но по кратко време е пронајден.

Е.К. од незгодата се здобил со повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Ресен.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.