петок, 7. мај 2021. Вести денес: 148
home Хроника

Украл автомобил и направил сообраќајка, кривична пријава за жител на Грчец

Пријавениот J.П. најпрво предизвикал сообраќајна незгода удирајки со одземеното возило во друго возило, по што веднаш гo напуштил местото на настанот во правец на село Кондово, каде го оставил возилото и се дал во бегство. По кратко време Ј.П. е фатен и приведен.
Украл автомобил и направил сообраќајка, кривична пријава за жител на Грчец

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје против лицето Ј.П.(27) од село Грчец, скопско, поради основи на сомнение дека извршил едно кривично дело „Тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на Рeпублика Македонија.

-Кривичното дело пријавениот го извршил на 22.01.2018 година околу 12:20 часот пред маркет на улица „Борис Сарафов“. Имено, оштетениот се паркирал со своето патничко моторно возило „Форд Експлорер“ со американски регистерски ознаки за да купи нешто од продавница, а возилото го оставил да работи со клучот на бравата. Пријавениот ја искористил приликата, влегол во отклученото возило и го одзел. Оштетениот веднаш реагирал да го стигне и запре возилото, но не успеал, по што телефонски пријавил во СВР Скопје. Од страна на полициски екипи веднаш е отпочната потрага на терен во правец на движење на украденото возило, информираат од МВР.

Пријавениот J.П. најпрво предизвикал сообраќајна незгода удирајки со одземеното возило во друго возило, по што веднаш гo напуштил местото на настанот во правец на село Кондово, каде го оставил возилото и се дал во бегство. По кратко време Ј.П. е фатен и приведен.

Возилото е вратено на оштетениот, кој го препознал Ј.П. како сторител на кривичното дело.

Коронавирус