четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 182
home Хроника

Украдени парите за обнова на црквата „Св.Спас“ во село Владимирово

Украдени парите за обнова на црквата „Св.Спас“ во село Владимирово

Непознати сторители ги украле парите за обнова на црквата „Св.Спас“ во беровско Владимирово. Кражбата е извршена со кршење на влезната врата, а истата како што јавуваат жители е регистрирана утринава.

-Првпат такво нешто се случува во црквата која е изградена во 1842, а опожарена во 2013 година. За да се обнови црквата „Св.Спас“, луѓето даваа се од себе, за да се случи тоа што ни се случи, велат жители на селото.

Од полицијата потврдија дека е извршен увид во црквата „Св.Спас“ и се работи на расчистување на случајот.

Претходно во друга кражба украдено е возило марка Нисан кое е пронајдено и вратено на сопственикот, се вели во соопштението од беровската полиција.

Дали двете кражби се поврзани дополнително треба да утврди истрагата.

Коронавирус