среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 114
home Хроника

Украден пиштол од автолимарска работилница во Валандово

Украден пиштол од автолимарска работилница во Валандово

Во Полициската станица Валандово вчера во 13:15 часот, М.Д.(53) од Валандово пријавил дека во периодот од 23:50 часот на 22.09. 2020 до 19:00 часот на 23.09.2020 му бил одземен пиштол „Црвена застава“ кал. 9мм, без куршуми, од неговата автолимарска работилница на ул.„Маршал Тито“ во Валандово.

Како што соопшти МВР, увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Валандово и се преземаат мерки за расчистување на случајот. (МИА)

Коронавирус