понеделник, 1. март 2021. Вести денес: 59
home Хроника

Украден автомобил „БМВ“ вчера во Скопје

Украден автомобил „БМВ“ вчера во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 22:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Л.Ч.(34) пријавил дека истиот ден во времето од 14,00 до 19,00 часот на улицата “Лазар Личеновски“ на полигонот на кејот од страна на непознат сторител на непознат начин било извршено одземање на патничко моторно возило “БМВ 530“ со шведски национални ознаки во кое имало лап топ и куфер со облека, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 976.000 денари.

Од МВР информираат дека се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус