вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 35
home Хроника

Угостителски објект затворен, сопственикот приведен – работел по дозволеното време

Угостителски објект затворен, сопственикот приведен – работел по дозволеното време

На 05.12.2020 во 21.50 часот во угостителски објект лоциран во атар на с.Неготино, гостиварско, сопственост на С.Т.(20) од с.Неготино, при акциска контрола извршена од полициски службеници од Полициското одделение Галате, било констатирано дека во објектот се постапува спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во истиот се врши угостителска дејност после 21.00 часот.

-При извршената проверка во една од помошните простории биле пронајдени седум женски лица, од кои две странски државјанки од Р.Албанија: А.С.(28) и Е.А.(22). Во објектот биле затекнати и К.В.(19) и З.З.(22), исто така од Р.Албанија. Во 22.15 часот поради злоупотреба на туристички престој, албанските државјанки биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. Во 23.20 часот сопственикот на објектот С.Т. бил лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира МВР.

Тој е предаден во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, а од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен. Од увидна екипа бил извршен увид во внатрешноста на објектот, како и во подземната просторија во која биле скриени странските државјанки. За случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.

Коронавирус