сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Хроника

Угостителски објект во Струмица работел по дозволеното време и точел алкохол на малолетници

Угостителски објект во Струмица работел по дозволеното време и точел алкохол на малолетници

По претходна пријава, на 27.02.2021 во 00.10 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Младинска“ во Струмица, сопственост на Л.М.(36) од Струмица.

При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, односно дека не ги почитува одлуките на Влада и протоколот за отварање и работа на угостителски објекти.

Исто така, било утврдено дека во објектот се точел алкохол на малолетни лица.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус