четврток, 4. март 2021. Вести денес: 170
home Хроника

Угостителски објект во Дебар работел по дозволеното време, сопственикот доби кривична

Угостителски објект во Дебар работел по дозволеното време, сопственикот доби кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против И.Ц.(51) од Дебар-сопственик на угостителски објект поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело„непостапување според здравствени прописи во време на епидемија“.

На 24.12.2020 при извршена контрола во угостителски објект на место викано„Пијанец“, било констатирано дека И.Ц. не се придржува на издадените наредби и препораки на Владата предвидени за заштита од Covid -19 со кои се ограничува работното време до 18,00 часот, и во внатрешноста на објектот бил забележан заедно со Н. Џ., Д. Х. и И. Ј. сите од Тетово и Б.К. од Дебар.

Коронавирус