вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Угостителски објект во Дебар не ги почитувал мерките против коронавирусот – 23 годишниот сопственик сега ќе зажали за грешката

Угостителски објект во Дебар не ги почитувал мерките против коронавирусот – 23 годишниот сопственик сега ќе зажали за грешката

На 15.05.2021 во периодот од 22.00 до 24.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат Струга извршена е контрола во угостителски објекти во Дебар.

При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на ул.„8 Септември“, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19.

Сопственикот е лишен од слобода, а објектот е затворен со пломба. За случајот е запознат Јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

ЕУРО 2020

Македонија