понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 79
home Хроника

Угостителски објект работел по 21 часот- полицијата кога влегла внатре имала што да види, сите веднаш биле приведени

Угостителски објект работел по 21 часот- полицијата кога влегла внатре имала што да види, сите веднаш биле приведени

На 04.02.2021 година во 00.30 часот, по претходна пријава дека угостителски објект во село Црешево, скопско работи по 21,00 часот, од страна на полициски службеници извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на Д.П.(56) од Куманово и констатирано е дека во локалот се наоѓаат осум лица на возраст од 22 до 65 години од Скопје, Куманово и Струмица.

Лицата се приведени. По насоки на Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

ЕУРО 2020

Македонија