понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 157
home Хроника

Удрил со кола во пешак и побегнал

Удрил со кола во пешак и побегнал

Вчера попладне на улица „Арсени Јовков“ во Скопје, непознато патничко возило, управувано од непознат возач удрило во пешакот Л.Ш.(74) од Скопје и го напуштил местото.

Л.Ш. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.