недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Удрил со автомобил во малолетничка па веднаш избегал, девојчето пренесено во болница

Удрил со автомобил во малолетничка па веднаш избегал, девојчето пренесено во болница

Вчера (26 октомври) околу 13 часот и 25 минути, на регионалниот пат Тетово-Волковија, патничко моторно возило „мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од тетовско Рогле и веднаш го напуштило местото, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Повредената малолетничка пренесена е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Уувид на местото на несреќата извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Коронавирус