вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Убиство во Арачиново

Убиство во Арачиново

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера е пријавено убиство случено во скопско Арачиново.

-Во 12.45 часот во Полициското одделение Арачиново било пријавено дека во с.Арачиново, во семејниот дом, А.Н.(40) ја усмртил својата сопруга Б.Н.(36), по што го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата.

По преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје, А.Н. бил пронајден и лишен од слобода во полициска станица, а кај него бил пронајден и пиштол.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

ЕУРО 2020

Македонија