Министерството за внатрешни работи информираше дека изминатата ноќ во 00:00 часот, за време на ограничено движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Финска“ го лишиле од слобода 19-годишниот К.М. од Скопје.
Според информации на МВР при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.