петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Хроника

Уапсени три лица во Скопје, нападнале човек за да украдат злато

Уапсени три лица во Скопје, нападнале човек за да украдат злато

На 13.11.2019 околу 23:15 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(23) од Палиград – Зелениково и двајца малолетници.

Тие се уапсени поради тоа што претходно, на ул.„Симеон Кавракиров“ физички го нападнале С.С. и му одзеле златен накит.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.