четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 80
home Хроника

Уапсени три лица фатени со дрога

Уапсени три лица фатени со дрога

Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода А.Р.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициската станица Бит Пазар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Вчера исто така во 21:50 часот во СВР Тетово биле лишени од слобода С.И.(19) и 17 годишен малолетник и двајцата од Тетово, кај кои во кругот на Клиничка болница Тетово при преглед над истите од полициски службеници била пронајдена и одземена марихуана и метален боксирач. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Коронавирус