среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 38
home Хроника

Уапсени татко и син од тетовско, полицијата кај нив пронашла марихуана и оружје

Уапсени татко и син од тетовско, полицијата кај нив пронашла марихуана и оружје

На 11.10.2019 во СВР Тетово биле лишени од слобода Ш.Т.(42) и Д.Т. (68) од с.Церово, тетовско, кај кои истиот ден во периодот од 06,45 до 09,30 часот, постапувајќи по претходно издадена наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници при преглед во куќа и патничко возило „Голф 5“ со тетовски регистарски ознаки во сопственост на Ш.Т. и неговиот татко Д.Т. пронашле марихуана, пушка „бокерица“ кал.12мм, 13 патрони различен калибар и 15 куршуми калибар 7,62 и 15 м. дрва без печат.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус