среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени татко и малолетен син од Куманово заради тешки кражби од куќи и станови

Уапсени татко и малолетен син од Куманово заради тешки кражби од куќи и станови

Во текот на изминатата недела СВР Куманово преземаше мерки и реализираше повеќе кривични дела „тешки кражби“ од куќи и станови.

Завчера, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на Р.М.(47) од Куманово, при што се пронајдени и одземени електричен шпорет и машина за перење, додека од неговиот 16-годишен син одземени се 20 пара машки и женски обувки.

Истиот ден бил извршен претрес и во домот на И.З.(31) од Куманово, при се пронајдени и одземени неколку електрични апарати за домаќинство и повеќе други предмети за домаќинство.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ од слобода е лишен 16- годишникот, во присуство на неговата мајка.

По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.