четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 167
home Хроника

Уапсени повеќе млади лица од Скопје – еве ги деталите

Уапсени повеќе млади лица од Скопје – еве ги деталите

Во текот на вчерашниот ден МВР апсеше на повеќе локации во Скопје за дрога и марихуана.

На 19.01.2022 во 01.30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Ј.К.(32) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена прашкаста материја.

На 19.01.2022 во 03.00 часот од парк-шума Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(30) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

На 18.01.2022 во 14.45 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 18.01.2022 во 17.40 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 18.01.2022 во 20.00 часот, на патот кон Горно Нерези, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 18.01.2022 во 21.10 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 19.01.2022 во 00.40 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 18.01.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на сите случаи против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус