понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 150
home Хроника

Уапсени пет лица: Направиле сообраќајка, па физички се пресметале

Уапсени пет лица: Направиле сообраќајка, па физички се пресметале

Пет лица се приведени вчера попладне во Полициската станица Гостивар поради сомнение за нивна инволвираност во насилство, кое околу 14 часот се случило на регионалниот пат Брана- Маврово, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Лишени од слобода се: А.Л.(44),  М.Б.(19), 44-годишната А.Н. и 22-годишната К.Б., сите од Скопје и С.М.(52) од гостиварска Лакавица.

-На насилството му претходела сообраќајна несреќа со учество на три патнички возила: „Фолксфаген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Л.(44) од Скопје, „Мицубиши“ со гостиварски ознаки управуван од И.Б.(26) од Гостивар и „Мицубиши пајеро“, исто така, со гостиварски ознаки, што го управувал 26-годишниот гостиварец Б.М., вели Јосифоски.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус