сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Хроника

Уапсени малолетник од гостиварско и неговиот татко: Кај нив пронајдено е оружје кое било украдено

Уапсени малолетник од гостиварско и неговиот татко: Кај нив пронајдено е оружје кое било украдено

На 07.12.2018 година во периодот од 15:50 до 17:40 часот во с.Сенце-гостиварско, по претходна наредба од Основен Суд-Гостивар, во присуство на работник од Центарот за социјални работи-Гостивар извршен бил претрес во куќа во која живеел 16- годишен малолетник.

При претресот пронајдени биле и одземени: пушка “Црвена застава“(карабин) со монтиран дурбин, метален нож, две ловечки расклопени пушки и една расклопена малокалибарска пушка, батериска ламба, двоглед и моторна пила.

Пронајдените предмети се фотодокументирани и одземени за вештачење, а постојат основи на сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.

Малолетникот и неговиот татко И.М.(66) се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Коронавирус