понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 80
home Хроника

Уапсени крадци и препродавачи на велосипеди во скопски Карпош

Уапсени крадци и препродавачи на велосипеди во скопски Карпош

Запленети се 26 украдени велосипеди, а уапсени се три лица кои ги краделе и препродавале. Во средата и четвртокот Единицата за внатрешни работи Карпош ги уапсила лицата Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди, како и Х.К.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “прикривање“.

„Двајцата првопријавени извршувале кривични дела ‘тешки кражби‘ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови. Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лаптоп“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР ги повикуваат сите граѓани на кои во изминатиот период им биле украдени велосипеди, да дојдат на препознавање во Полициската станица Карпош, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Коронавирус