понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени две момчиња кои со закана ограбиле жена, од домот и украле 70.000 денари

Уапсени две момчиња кои со закана ограбиле жена, од домот и украле 70.000 денари

Е.М. (22) и 16-годишно лице вчера се уапсени откако истиот ден околу 07.30 часот влегле во куќа на улицата „Вера Циривири“ во Велес и од сопственичката Б.М.(68) со закана одзеле ќесе во кое имало над 70.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

-По преземени мерки од страна на полициски службеници лишени од слобода се двајцата сторители Е.М.(22) и 16 годишно лице, при што кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус