вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 72
home Хроника

Уапсени две лица од Скопје кај кои била пронајдена марихуана

Уапсени две лица од Скопје кај кои била пронајдена марихуана

Полициски службеници од СВР Скопје, од реонот на Гази Баба, вчера во 21:30 часот од слобода го лишиле Ф. Н. (28) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Како што стои во билтенот на МВР, во центтарот на градот уапсено е уште едно лице кај кое исто така било пронајдено марихуана.

Вчера во 22:40 часот на улица „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле К. Т. (19) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.