понеделник, 17. јануари 2022. Вести денес: 117
home Хроника

Уапсени 9 лица на улица во Скопје

Уапсени 9 лица на улица во Скопје

Полицијата во Скопје вчера уапси девет лица на улица.

Одделението за имотни деликти Чаир при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.Ф.(36) и Ј.А.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“откако куќа во изградба на улицата „Гвадалахара“ пријавените со употреба на сила од оштетениот одзеле пари.

Во 22.25 часот, полициски службеници од СВР Скопје од улицата „Веле Марков“ ги лишиле од слобода М.П.(28), М.Ј.(29) и Д.А.(36), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја, а исто така на улицата „Петар Ацев“  полиција ги лишила од слобода М.У.(24) од Битола и М.И.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје од улицата „Жан Жорест“ го привеле Р.С.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Потоа, во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од улица „Атанас Иљовски“ го привеле А.С.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против сите нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Коронавирус