среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 139
home Хроника

Уапсена жена која се обидела да му даде хероин на затвореник

Уапсена жена која се обидела да му даде хероин на затвореник

Од командирот на смена во Казнено-поправната установа Затвор-Штип пред два дена било пријавено дека при претрес на 39-годишно женско лице од Скопје, кое дошло на посета кај  осуденик, биле пронајдени две најлонски пакувања со хероин, кои биле ставени во кутија од цигари.

Лицето било приведено во полициска станица, а пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус