четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 147
home Хроника

Уапсен велешанецот кој вчера пукаше во полицаец

Уапсен велешанецот кој вчера пукаше во полицаец

Полициски службеници денес околу 10 часот го лишиле од слобода и привеле во Полициска станица Велес Ѓ.К.(31) од Велес.

-Тој, на 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзел службениот пиштол и пукал кон него. Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица, информира МВР.

По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус