среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Хроника

Уапсен сопственик на угостителски објект од тетовско

Уапсен сопственик на угостителски објект од тетовско

На 02.12.2020 околу 22.00 часот, во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект.

-При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното работно време, а во него биле затекнати 6 гости. З.А. е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здрaвствени прописи за време на епидемија“, информира МВР.

Коронавирус