петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Уапсен скопјанец баран за затворска казна и за изнуда

Уапсен скопјанец баран за затворска казна и за изнуда

Полициски службеници од Тетово во соработка со служби од Министерството за внатрешни работи привеле скопјанец по кого имало потерница за издржување затворска казна за дело од 2011 година, а во меѓувреме за него имало уште една пријава. Тој од жена од Селце се обидел да изнуди 10 илјади евра.

– Вчера околу 19:20 часот, во угостителски објект на влезот во Тетово, лишен е од слобода И.Р.(34) од Скопје, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна. И.Р. со група од неколку лица во 2011 година извршил разбојничка кражба во позната тетовска златарница во центарот на градот. Инаку, вчера во 14 часот А.К.(34) од тетовско Селце, која со И.Р. се запознала преку социјални мрежи, го пријавила за изнуда, зашто и се заканувал по нејзиниот живот и и барал 10 илјади евра, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По приведувањето во СВР – Тетово, 34-годишниот скопјанец е предаден во Кaзнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.