Полициски службеници на СВР Тетово, вчера попладне на улица „Јане Сандански“ во Тетово, го привеле 37-годишниот В.Ф. од скопско Студеничани, по кого била распишана потерница за издржување на 6-годишна затворска казна за сторено кривично дело„трговија со луѓе“.
-При приведувањето на В.Ф.,кој се обидел да избега, еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
В.Ф. нешто подоцна спроведен е во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.