петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Уапсен маж од гостиварско поради разбојничка кражба

Уапсен маж од гостиварско поради разбојничка кражба

На 18.02.2020 во 14:30 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(48) од с.Равен, гостиварско, поради сомнение дека околу 10:00 часот извршил разбојничка кражба на ул.„Панче Поповски“, во непосредна близина на големиот пазар во Гостивар.

Според пријавеното, И.Б. со закана со остар предмет од паркирано возило „форд транзит“ му одзел пари на М.Х.(18) од Скопје, кој се наоѓал во возилото, а потоа го напуштил местото.

Извршен бил увид на местото, а И.Б. бил задржан во Полициската станица Гостивар.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус