Во Полициската станица Чаир вчера вечерта било приведено лицето А.Ф.(20) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело во врска со член 186 од Кривичниот законик на Република Македонија.
-По преземени мерки било утврдено дека А.Ф. во текот на минатиот месец на подрачјето на Полициската станица Чаир во повеќе наврати вознемирувал повеќе женски лица, допирајќи ги по телото и обраќајќи им се со вулгарни зборови. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.