среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 49
home Хроника

Уапсен македонски државјанин за кражба на „мерцедес“ во Сицилија

Уапсен македонски државјанин за кражба на „мерцедес“ во Сицилија

Македонски државјанин, Бугарин и Швајцарец се уапсени од властите на Сицилија за кражба на луксузен автомобил, незаконско поседување оружје и фалсификувани клучеви за автомобили. Сите тројца биле дојдени од Швајцарија.

Според сицилијанските медиуми, станува збор за 52-годишниот В. Ц. В., 29-годишниот С. У.  и 49-годишниот М.К.. Тие биле уапсени  во Сицилија.

Локален жител, кој на лизинг купил луксузен „мерцедес“ ја информирал компанијата дека поради финансиски потешкотии повеќе не можел да го отплатува автомобилот. Затоа изразил подготвеност да го врати.

Но, полицијата во Сицилија добила сигнал од ќерката на сопственикот на „мерцедесот“ дека тројца мажи ја разбиле вратата на нивната гаража во Макија ди Џаре и откако го отвориле автомобилот, избегале со него. Карабинерите веднаш почнале со потера и успеале да ги фатат крадците по улиците на населбата.

Коронавирус