сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 88
home Хроника

Уапсен криминалец во Велес за кого била распишана национална потерница

Уапсен криминалец во Велес за кого била распишана национална потерница

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош и СВР Велес на подрачјето на Велес синоќа во 21.30 часот, го лишиле од слобода М.Е.(59) од Велес, за кого била распишана национална потерница за издржување на казна затвор по наредба од Основен кривичен суд Скопје, поради сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „злосторничко здружување“, „шпионажа“, „измама“, „прикривање“ и „уцена“.

Тој бил приведен во Полициска станица Велес, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ за издржување на казната затвор, соопштија денеска од МВР.

Локални избори 2021