среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 157
home Хроника

Уапсен гостиварец: Не ја затворил кафетеријата, затекнати 12 гости

Уапсен гостиварец: Не ја затворил кафетеријата, затекнати 12 гости

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 20:50 часот во гостиварски Добридол го лишиле од слобода 57-годишниот В.Џ..

Од МВР информираат дека тој е уапсен затоа што при контрола спроведена во содејство со Државен пазарен инспекторат во неговата кафетерија (интернет кафе) во ова село биле затекнати 12 гости, со што постапил спротивно на владината одлука и мерките и препораките за заштита од вирусот Ковид-19 и сторил кривично дело„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик.

В.Џ. е задржан во Полициска станица Гостивар и во текот на денот со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Локални избори 2021