понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 155
home Хроника

Тушев потврди: Возилата се запалени со молотови коктели

Тушев потврди: Возилата се запалени со молотови коктели

Во штипската населба Сењак, на улицата „Борис Крајгер“ рано утринава опожарени се пет возила, од кои три целосно, а две делумно.

Меѓу трите целосно изгорени возила се и автомобилите на Никола Тушев, поранешен претседател на ОО на СДСМ Штип и на неговиот татко Мите Тушев, инаку брат и татко на поранешната пратеничка од СДСМ Маринела Тушева.

Никола Тушев за МИА вели дека во тек е увидот на местото на настанот, а во моментов е пристигната и екипа на крим техника од Скопје.

Тој вели дека настанот се случил по 5 часот рано утринава. Неговото возило и возилото на неговиот татко биле паркирани на сосема две различни места на паркинг просторот, палењето е извршено со молотови коктели.

Полицијата засега не открива детали, како се случил инцидентот. Најавија дека по завршување на истрагата ќе дадат подетални информации.

Во текот на изминатата година во штипската населба Сењак ова не е прв случај на палење автомобили. 

Коронавирус