недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело „фалсификување исправа“.

– Обвинетиот, на 10 септември, во постапката за продолжување дозвола за привремен престој на странец, пред службите на Министерството за внатрешни работи, употребил како вистинска преправена јавна исправа – турски пасош. Во патната исправа била извршена замена на оригиналната надворешна корица и на страницата со податоци, информираа од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд му предложил да определи притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин.​ (MИА)

Локални избори 2021