вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 111
home Хроника

Туристичка агенција од Охрид направила измама

Туристичка агенција од Охрид направила измама

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Р.(33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 19.12.2019, пријавената, сопственик на туристичка агенција од Охрид, побарала од Н.С.(45) од с.Селце, тетовско, вработен во туристичка агенција во Тетово, да извади повратен авионски билет на име П.В. за 20.12.2019 на релација Скопје-Мелбурн, со лажна потврда дека е извршена уплата на средствата на чинење на авионскиот билет.