четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца соработници на Мун обвинети за сексуално вознемирување

Тројца соработници на Мун обвинети за сексуално вознемирување

Случајот на градоначалниот на Сеул, Парк Вон-сун, кој минатата недела се самоуби откако против него беше поднесена пријава за наводно сексуално вознемирување на поранешна секретарка, ја подели јавноста во Јужна Кореја бидејќи тој е трет соработник на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, против кои изминатите години беа поднесени слични обвиненија.

Парк важеше за борец за правата на жените, а беше избран за претседател на Јужна Кореја во 2017 година, покрај другото, и затоа што вети дека ќе биде „феминистички претседател“.

Но, во 2019 година, Ан Хи-џанг, член на Демократската партија на Мин, поранешен гувернер и поранешен кандидат за претседател на Јужна Кореја беше осуден на три години затвор за силување на секретарката.

На почетокот од годината Ох Кио-дон, градоначалник на Бусан и член на Демократската партија поднесе оставка и јавно се извини поради сексуално вознемирување на една вработена во неговиот кабинет.

Погребот на Парк беше подмирен од јавни средства и покрај тоа што над половина милион луѓе потпишаа петиција против тоа. (МИА)

Коронавирус