четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 35
home Хроника

Тројца скопјани лишени од слобода

Тројца скопјани лишени од слобода

Тројца скопјани се лишени од слобода- двајца во текот на вчерашниот ден бидејќи кај нив била пронајдена прашкаста материја и еден во петокот кај кого била пронајдена марихуана, информираат од МВР.

На 26.10.2019 во 14.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“ во Скопје го лишиле од слобода Д.П.(25) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

МВР денеска соопшти дека тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.10.2019 во 12.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на реонот на Бит Пазар во Скопје го лишиле од слобода А.Ч.(30) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.10.2019 во 22.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(43) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во соопштението од МВР се посочува дека тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус