сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 68
home Хроника

Тројца работници повредени во Битола

Тројца работници повредени во Битола

На  17.05.2018 година во 12:30 часот во СВР Битола, вработен во ЕВН пријавил дека на ул.„8-ми Септември“, додека работеле на покрив од објект во изградба на инвеститор од Демир Хисар, тројца работници во фирмата изведувач се здобиле со повреди при допир на табла од пластифициран лим со 10 киловолтен воздушен далековод.

Повредени биле З.П. (43), Д.Н. (23) и  Џ.У. (59). Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош.

По укажаната помош, З.П. и Д.Н. биле задржани на понатамошно лекување, а Џ.У. бил пуштен на домашно лекување.

Увидот на местото извршила екипа од СВР Битола, Јавен обвинител и трудов инспектор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус