среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 99
home Хроника

Тројца Прилепчани не ги почитувале мерките за самоизолација, ОЈО побара казна

Тројца Прилепчани не ги почитувале мерките за самоизолација, ОЈО побара казна

Побарана казна за три лица во Прилеп кои ја прекршиле мерката за самоизолација
Основното обвинителство во Прилеп поднесе предлог три лица да бидат парично казнети поради кршење на мерката за самоизолација.

-Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнен налог за три лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19 и не постапиле по изјавите за самоизолација. Имено, обвинетите на 17 март оствариле влез во Република Северна Македонија од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките биле должни во период од 14 дена да не го напуштаат престојувалиштето кое го пријавиле како место каде ќе ја спроведат задолжителната самоизолација. При вршење на контрола од страна на полициските службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во нивните престојувалишта, соопшти Јавното обвинителство.

Оттаму велат дека на Основниот суд во Прилеп му е даден предлог на обвинетите да им изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 30 евра во денарска противвредност.​​

Коронавирус